Детска сликовница за „Авантурите на Лисичко“

Детска сликовница за „Авантурите на Лисичко“

„Авантурите на Лисичко и Калинка“ е уникатна сликовница креирана со цел заеднички да ја збогатиме музичката и литературната понуда за децата од предучилишна возраст на македонски јазик. Оваа сликовница изобилува со забавни илустрации, весели песнички и едукативни содржни за најмалите. Преку авантурите на Лисичко, Калинка и нивните пријателчиња, децата ќе имаат можност да научат основни животни лекции: од одржување на лична хигиена, преку броење и запознавање со различните карактеристики на годишните времиња, до тоа колку е важна социјализацијата со другарчињата итн. Покрај визуелен и текстуален приказ, ќе следува и носач на звук (CD/USB), преку кој децата ќе имаат прилика да ги чујат песничките, да ги пеат заедно со дечињата чии гласови се позајмени за нашите ликови и што е најважно - ќе слушнат различни инструментални бои, ќе почувствуваат различни ритмички и мелодиски структури, кои секако се од клучно значење за нивниот понатамошен развој на слухот и моториката. Целиот концепт се појави како одговор на недостатокот на ваков тип на содржини на македонски јазик и се разви паралелно заедно со нашите музички видеа кои може да ги погледнете тука:

 

Ризици и предизвици

Сликовниците, музиката и креативноста играат голема улога во правилниот развој, особено кај децата од предучилишна возраст. Нашата цел е овие елементи да ги вклопиме во една забавна авантура која преку игра и песна ќе придонесе кон квалитетна едукација. Со вашата поддршка ќе бидеме во можност да ја испечатиме сликовницата и да ги снимиме и ставиме на носач на звук нашите песнички. Но пред се, ќе ни помогнете да им овозможиме едукација преку игра и забава на малите дечиња! Доколку собереме повеќе од планираната сума ќе донираме дел од сликовниците онаму каде што е потребно. Ви благодариме!

46

вложувачи

163.100,00 ден.

собрани од планирани 160.000,00 ден.

Затворен

Oваа сликовница ја креираме со цел заеднички да придонесеме кон правилна креативна едукација на малите деца на македонски јазик

Период за вложување 26.06.2018 - 26.07.2018 (30 денови)
Пакети и награди

100,00 ден.

5 вложувачи

Електронска уникатна благодарница

300,00 ден.

5 вложувачи

Боенка Лисичко

 

500,00 ден.

3 вложувачи

Боенка + Беџ со Лисичко 

 

1.000,00 ден.

3 вложувачи

Дизајнерска торбичка во боја со Лисичко

1.500,00 ден.

2 вложувачи

Сликовница со ЦД + Беџ

 

2.000,00 ден.

0 вложувачи

Сликовница со УСБ + Беџ

 

3.000,00 ден.

2 вложувачи

Сликовница со УСБ + Дизајнерска торбичка во боја со Лисичко

6.000,00 ден.

3 вложувачи

Сликовница со УСБ + Торбичка со Лисичко + Персонализирана илустрација од вашето дете во стилот на ликовите 

 

quote
Проект на Jana Gjorgievska Скопје
Категорија · Книги и стрипови Креиран на · 26.06.2018 Средства · 160.000,00 ден.