GG

GG - Добра игра!

Дали DotA е подобра од LoL, колку е шансата да се падне добар ајтем во Diablo 3 после новиот пач, дали вреди да се потрошат 60.000 денари на нов компјутер, на кои делови од телото најмногу влијае седењето пред компјутер, дали од „компјутор“ паѓа коса, дали во Македонија доволно се вложува во Cyber Sport,...

GG ќе се емитува на интернет, двапати неделно во живо и ќе обработува теми актуелни во моментот но и теми за кои вреди да се разговара. Ќе има гости кои значат нешто во гејминг културата во Македонија (доколку може да се каже дека таа постои). Од првите мрежни играчници, преку ортопеди до загрижени мајки и министри за информатчика технологија. Сите ќе бидат поканети да разговараат за темата која моментално на светско ниво е поскапа одколку филмската и музичката продукција заедно. GG е видео подкаст во кој ќе се опфатат сите постоечки платформи во кои игрите и гејмингот имаат „замешано“ прсти. Конзоли, борд гејмови, таблети, мобилни телефони, филм, музика, политика, живот и образование.

scena2 scena2

Планирана да оди на Twitch TV и во истиот момент да разговара со гледачите. GG претендира да биде подкаст со стаф без бајати теми.

Ризици и предизвици

Затоа ни треба ваша помош. Студио направивме (какво такво, наше си е најубаво е :D ) но потребен ни е хардвер и брз интернет за сево ова да оди глатко. Ни треба ОДЛИЧЕН компјутер за играње игри во емисијата, capture картица за сето тоа да биде пропратено без засецки и гличови, добра... или неколку добри (web) камери, солиден микрофон, најбрзиот оптички интернет во Македонија, светла, држачи за истите, сталаци, полици, мебел... На нашиот првичен тизер имавме огромен одзив. Во првата недела тизерот беше прегледам повеќе од 10.000 пати, го споделија 2.148 луѓе на Facebook, а 217 твитнаа за нас. Земавме главно место на сите реномирани македонски портали и весници. За крај малку терминологија ;D GG (good game, добра игра) - може да значи две работи: - дека играта била навистина добра и фер, - или дека едниот тим бил масакриран.

85

вложувачи

61.750,00 ден.

собрани од планирани 180.000,00 ден.

Затворен

GG - Видео подкаст за игри и гејминг култура.

Период за вложување 01.04.2014 - 31.05.2014 (60 денови)
Пакети и награди

300,00 ден.

11 вложувачи = (еднакво на) две пива и кикирики. Поддршка на гејмингот во Македонија! Овековечен како booster.

1.000,00 ден.

32 вложувачи Маичка брендирана од GG. Овековечен како поддржувач

3.000,00 ден.

5 вложувачи 3 маички брендирани од GG Пиво со мезе и дружење со водителите и другите поддржувачи. Овековечен како l33t поддржувач

6.000,00 ден.

0 вложувачи 5 маички брендирани од GG Хамбургер од 7ца (или сендвич по избор) и дружење со водителите и другите поддржувачи. Овековечен како core поддржувач

30.000,00 ден.

0 вложувачи - 10 од 10 останати 10 маички брендирани од GG Ручек и дружење со водителите и другите поддржувачи. Гостување во студио (доколку вие сакате) Овековечен како hardcore поддржувач

60.000,00 ден.

0 вложувачи - 3 од 3 останати 25 специјални маички од GG Можност за рекламирање на своја или друга компанија во видео подкастот: - банери во видео подкастот (3 месеци); - банери на web страната (3 месеци); - спомнување од страна на водителите во видео подкастот (3 месеци); - 2 ручека и дружење со водителите Гостување во студио 5 повеќе пати (доколку вие сакате) Овековечен како ultra поддржувач

180.000,00 ден.

0 вложувачи - 1 од 1 останати Генерален покровител и помагач на GG; Специјални 20 маици од GG; Можност за рекламирање на своја или друга компанија во видео подкастот: - банери и pop-up во видео подкастот (6 месеци); - банери на web страната (една година); - спомнување од страна на водителите во видео подкастот (една година); Дружење со водителите на Games Com 2014 (саем за игри во Келн, Германија. Вклучени се авионска карта, сместување и билет за сите 3 денови на саемот.) Дружење со водителите повеќе пати надвор и во Скопје; Гостување во студио 15 повеќе пати (доколку вие сакате); Овековечен како imba поддржувач. + Вечно ке те памтиме и ќе те сакаме искрено! ;D
quote
Проект на Gorast Cvetkovski Скопје
Категорија · Игри и Мултимедиа Креиран на · 25.03.2014 Средства · 180.000,00 ден.